Брајант во кариерата има постигнато 31.434 поени, пред него на листата се само Карим Абдул Џабар со 38.387, Карл Мелоун со 36.928 и Мајкл Џордан со 32.292.
Одлична партија во победата на Лејкерси покрај Брајант, пружија и центрите Двајт Хауард (24 поени, 15 скокови), односно Пау Гасол (12 поени, 10 асистенции).
Дирк Новицки во дербито против Чикаго одигра како во најдобрите денови, промаши само три обид од поле (14-17), и ја постигна тројката за победа на 2,9 секунди до истекот на времето. Новицки беше предводник на серијата на Далас од 15:1 која започна на четири минути до крајот на мечот.
Германецот во победата од 100:98 постигна 37 поени на кои придодаде седум скока. Карлос Бузер, Нејт Робинсон и Луол Денг за Чикаго постигнаа по 25 поени.
Брајант и Новицки со своите индивидуални остварувања во сенка го фрлија ‘трипл-дабл’ учинокот на Расел Вестбрук (23 поени, 13 скокови, 10 асистенции), вграден во победата на Оклахома над Милвоки од 109:99.
Голден Стејт ја забележа најубедливата победа, Вориорс славеа над Портланд со 125:98 – Стивен Кари на овој натпревар постигна 39 поени.