Првата виолина на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и асот на Далас, Лука Дончиќ со рафална стрелба ја одбележаа средбата помеѓу двете екипи кои ја заврши во корист на „езерџиите“ со 119-100 после дополнителни пет минути.

Џејмс и Дончиќ во текот на целиот натпревар се бркаа со учинокот и најзаслужни се што гледачите во „Американ Ералајнс“ арената гледаа атомска кошарка. Во надигрувањето Џејмс и Дончиќ завршија со трипл дабл ефект. Членот на Лејкерс финишираше со 39 кошеви, 16 асистенции и 12 скокови, додека Дончиќ зад своето име запиша 31 поен, 15 асистенции и 13 скокови.

„Езерџиите“ со четири победи во првите пет мечеви од новата сезона се првопласирани во западна конференција а „телињата“ со скор 3-2 се на средината од табелата.

OhridNews