Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со триумф ја отворија финалната серија на западот со Денвер. „Езерџиите“ до почетното водство во конференциската пресметка со „нагетси“ стигнаа со победа од 126-114, по четвртини (36-38, 34-21, 33-20, 23-35).

„Лејкерси“ предводени од Ентони Дејвис отпорот на ривалот го скршија во вториот и третиот квартал во кои обезбедија предност од 26 поени разлика. Првата им припадна на „нагетси“ со два поени, додека четвртата со 12 поени разлика што беше премалку за позитивен резултат.

Дејвис кој беше најдобар поединец на теренот постигна 37 поени а додаде уште 10 скокови. Кај Денвер најпрецизни беа Јокиќ и Мајер со по 21 поен.

OhridNews