Новата сезона во НБА лигата имаше спектакуларен почеток со градскто дерби во Лос Анџелес и дуелот на шампионот Торонто против тимот на Њу Орлеанс. Дербито за власт во ЛА заврши во корист на „клиперси“ кои славеа со 112-102, додека „рептилите“ после дополнителни пет минути го  совладаа ривалот со 130-122.

Ѕвездата на Клиперс и минатогодишниот МВП, Каваи Ленард ја одбележа дерби средбата постигнувајќи 30 поени од кои 20 уфрли во првиот дел. Првата виолина на „езерџиите“, Леброн Џејмс немаше свој ден и реализираше само 18 кошеви. Одлуката за победа во дербито падна во четвртиот квартал кој „клиперси“ го добија со 27-17.

На Торонто му беа потребни уште пет минути да се справи со разиграниот состав на Њу Орлеанс. Во продолжението, Торонто ја стегна одбраната и со серија поени го реши противникот за големо славје во арената. Пред почетокот на мечот на Торонто и официјално му беше врачена титулата освоена минатата сезона.

OhridNews