Кошаркарите на Денвер се пласираа во финалето во западната конференција откако во одлучувачкиот седми натпревар го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 104-89.

„Нагетси“ во серијата со „клиперси“ имаа негатива 3-1, но со три победи во низа изборија пласман во финалето и средба со Лос Анџелес Лејкерс. Денвер втор пат во плејофот се враќа од работ на бездната. Претходно 3-1 негатива имаше во дуелот со Јута и на крај серијата ја доби со 4-3. Кошаркарите на Денвер се први кои во една сезона од разигрувањето во НБА два пати се враќаат од 3-1 негатива.

Денвер четвртата и одлучувачка победа ја забележа на крилата од Јокиќ и Мареј. Српскиот центар мечот го заврши со трипл-дабл учинок (16 поени, 22 скокови и 13 асистенции), додека Канаѓанецот постигна 40 поени. Кај „клиперси“ најефикасен беше Мотрел Херел со 20 кошеви.

Финалната серија на истокот започна со триумф на Мајами. „Жешките“ со 117-114 после продолженија славеа против Бостон и поведоа со 1-0.

OhridNews