Оклахома го совлада Сан Антонио со 107-99 и со севкупни 4-2 ја освои западната конференција и се пласираше во големото финале. “Громовниците“ од Оклахома се само третиот тим кој успеал да се пласире во финалето по 2-0 негативата по првите два меча.


“Мамузите“ има предност од 16 поени, но не успеаа да ја зачуваат благодарение на “негостољубивиот“ Кевин Дурант кој мечот го заврши со 34 поени и 14 скока. Весбрук постигна 25, Харден 16, додека Ибака мечот го заврши со 10.

Кај Сан Антонио, Паркер беше најефикасен со 29 поени, Данкан имаше 25 поени. “Спурси“ поставија рекорд на непобедливост сезоната нижејќи десет победи во низа во плејофот, но поразени се во најзначајната серија и остануваат без финалето.

Противник на Оклахома во финалето ќе биде подобриот од дуелот Бостон – Мајами (3-2).

Видео : Оклахома – Сан Антонио 107-99