Коби Брајант и Леброн Џејмс се наоѓаат на првите две места, по завршениот трет круг од гласањето на фановите, за ’Ол Стар’ натпреварот, кој ќе се одигра во февруари. Брајант (ЛА Лејкерс) досега добил вкупно 1.177.456 гласови, додека за Џејмс (Мајами) својот глас го дале 1.151.304 фанови.


Според досегашното гласање, речиси е извесно дека првата петорка на Западната конференција покрај Брајант ќе ја сочинуваат неговиот соиграч Двајт Хауард, играчите на ЛА Клиперс Крис Пол и Блејк Грифин и најдобриот играч на Оклахома Кевин Дурент.

Меѓу стартните пет во Источната конференција, покрај Џејмс би се нашле соиграчот Двејн Вејд, двоецот на Бостон Режон Рондо и Кевин Гарнет, односно Кармело Ентони од Њујорк.

Конечните резултати од гласањето ќе бидат објавени кон средината на овој месец, ’Ол Стар’ натпреварот ќе се одигра на 17. февруари во Хјустон.

“Макфакс“