Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во конференциското финале на западот победувајќи го Портланд со 114-96 (27-23, 27-22, 23-26, 39-23) пред своите гледачи во „Оракл“ арената.

Иако изгуби со 18 поени разлика, Портланд три четвртини беше рамноправен противник. Домаќините, првата победа ја осигураа во последниот квартал, кој го добија со високи 39-23. Претходно, Голден Стејт направи предност во првата и втората, додека Протланд се врати во игра во третиот период.

На „воините“ не им пречеше ниту отсуството на Кевин Дурант, кој се повреди на дуелот со Хјустон. Стеф Кари со нов маестрален натпревар (36 поени, 7 асистенции и 6 скокови) го предводеше клубот до победа, а добра улога одигра и Клеј Томсон кој постигна 26 кошеви. Кај Портланд најрасположен за игра беше Лилард со 19 поени.

OhridNews