Мајами го порази Бостон со 101-88 со “мајсторката“ и со севкупни 4-3 победи во Источната серија. Во големото финале “жешките“ ќе играат против Оклахома.

Втор меч по ред одлучувачки фактор беше Леброн Џејмс. Тој мечот го заврши со 31 поен и 12 скока, додека Двејн Вејд додаде 23 поени, 6 скока и 6 асситенции. Крис Бош мечот го заврши со 19 поени и осум скока.

“Детелините“ ги предводеше Ражон Рондо со 22 поени, 14 скока и 10 асситенции. Пол Пирс постигна 19 поени.

Видео : Мајами – Бостон 101-88