Комисијата за мандатно имунитетни прашања не донесе одлука за одземање на имунитетот на Трајко Вељановски, јавува Телма.

Четворица гласаа „за“ и четворица беа „против“. На гласањето не присуствуваше пратеник на ДУИ поради здравствени причини – тоа за медиумите го кажа претседателот на Комисијата, Павле Богоевски.