Во Охрид денеска преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 13 степени.
Во наредните денови не очекува променливо време.
Во понеделник претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.
Во вторник се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.
Повремени врнежи од дожд се најавени и за среда.
OhridNews













