Речиси сите јавни површини во Охрид, наменети за рекреација на граѓаните, во поголема или помала мера се оштетени од несовесни граѓани.

Статичните велосипеди во Холандскиот парк уште по нивното поставуавње во 2011 беа уништени, па неколку пати санирани. За сега повторно да бидат вон употреба, затоа што на секој од нив му недостига по некој дел.

Истото се случува и со активната зона во близина на Холандскиот парк. Дел од фитнес справите се оштетени, им недостигаат делови, а уништени се и канделабрите.

Во слична состојба се наоѓа и детското игралиште каде речиси и да нема неоштетен реквизит.

OhridNews