Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 54 годишен жител на  струшкото село Велешта.

Тој на 17.09.2019, управувајќи патнички автомобил „Голф“ на регионален пат, извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „Југо“ а потоа во 55-годишно лице и неговиот малолетен син, двајцата од Р. Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои таткото подоцна починал. Со телесни повреди се здобил 58-годишен жител на Вевчани-возач на автомобилот „Југо“, информира СВР Охрид.

OhridNews