На седницата одржана вчера попладне, советниците ги прифатија извештаите за реализација на програмите за работа за периодот од 01.01. до 31.03.2018 година на Советот на општина Охрид, развојните програми во образованието, детската заштита, социјалната заштита, културни манифестации и творештво, спортот и рекреацијата, поттикнувањето на развојот на туризмот и локалниот економски развој, изработката на урбанистички планови, одржувањето на јавната чистота, одржувањето и користењето на јавното зеленило, другите комунални услуги, изградбата и реконструкцијата на локалните патишта, јавното осветлување, одржувањето и заштитата на на локалните патишта, улиците и регулирањето на сообраќајот, изградбата на системите за водоснабдување, изградба на системи за одведувањето и пречистувањето на отпадните води, изградбата на сообраќајна сигнализација, уредувањето на градежното земјиште, програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица, остварувањето на буџетот на општина Охрид.

Советот ги усвои и предлог одлуките за утврдување на вредноста на бодот за административните службеници и образовните институции, предлог програмата за изменување и дополнување на развојаната програма за уредување на градежно земјиште за 2018-2020 година, за изменување и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година, за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година, за утврдување приоритет на проекти за водоснабдување и одведување отпадни води во општина Охрид и други точки од комунално урбанистичката сфера.

Како што информира локалната самоуправа, Советот не ги усвои предложените одлуки за давање согласност за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП „Нискоградба Охрид“за 2019 година, за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП„Охридски Комуналец“за 2019 година. за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП Градски Пазар за 2019 година и предлог одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП„Билјанини извори“ за 2019 година.

Советниците ги прифатија предложените одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација,со цел вклопување на повеќе бесправно изградени објекти.

OhridNews