Во периодот на настинки голема улога во ефикасната одбрана од болести и подобрување на имунитетот игра соодветниот внес на витамини, особено на витамин Ц. Најдобрата варијанта е витамин Ц во природен облик како што е Ацерола. А сега е шанса да се обезбедите со Ацерола природен витамин по исклучително поволни услови. Ексклузивно во аптеки „Виа Фарм“, во тек е голема акција  на природен витамин Ц Ацерола 1+1 подарок  која трае до 10 ноември.

Аптеки „Виа Фарм“ како општествено одговорна компанија, подготвуваат уште едно корисно изненадување за жителите на регионот. Имено, по повод светскиот ден на дијабетот, 14 ноември, д-р Сашо Ѓорѓиоски, офталмолог хирург од Специјалната очна болница Деница, во аптеката бр 7 на Виа Фарм, на ул. „7ми Ноември“, ќе одржи презентација и ќе дели совети за влијанието на дијабетесот врз очното здравје.

Светскиот ден на дијабетесот за прв пат се одбележува во 1991 година како одговор на зголемената загриженост од растот на овој здравствен предизвик кај луѓето во светот. Во 2006 година, пак, со усвојувањето на резолуцијата 61/225, Обединетите нации го прогласуваат за официјален ден и истиот го одбележуваат секоја година на 14 ноември, роденденот на сер Фредерик Бантинг кој заедно со Чарлс Бест, во 1922 година, го откриваат инсулинот. Оваа година Светскиот ден на дијабетесот се организира под мотото: „дијабетес – препознај ги знаците, заштити го семејството“.

OhridNews