За сторено кривично дело „насилство” поднесена е кривична пријава против три лица од Охрид. На 22-ри јуни, околу 21.00 часот, во селото Лескоец, пред продавница, откако претходно пријавените побарале да купат алкохолен пијалок во маркетот и биле одбиени од вработената, истите почнале непристојно да се однесуваат. Во моментот во маркетот влегол сопругот на вработената и побарал да престанат со навредите и да си заминат, на што пријавените физички ги нападнале двајцата.
Едно од лицата од неговото патничко возило извадило метална лопата со која го удрил сопругот во пределот на десната рака и главата, како и едно лице кое се обидело да го спречи нападот.












