Не сме задоволни од односот на претпоставениот-се жалат работници од Комуналец
13.10.08 14:08
„Во саботата на 11 Октомври, Националниот празник бев на работа. Кога отидов и го прашав претпоставениот зошто не ми има пишано празнична дневница и за Втори Август кога исто така бев на работа, и зошто ме казил со 10 проценти од платата, тој ми се развика и почна да ме турка“ објасува Сабри како го заработил отказот.
Во јавното претприjатие „Охридски комуналец“, јас имам 29 години работен стаж и веќе не можам да трпам да се однесуваат лошо кон мене “ вели тој. Работникот не му се пожалил на директорот на Охридски комуналец зашто како што вели, тој им забранува во работно време да му се обраќаат во неговата канцеларија. „Вчера отидов кај градоначалникот за да го замолам да преземе нешто и тој веднаш без проблеми излезе пред неговата куќа. Ме сослуша и ми рече денеска да одам на работа во работната единица „Гробишта“ но и да го посетам денеска во општинските простории“, кажува Таир Сабри.
„ Точно е дека ми се обрати работникот, но јас морам да ги сослушам и двете страни пред да заземам став со кој ќе се реши проблемот. Ако се утврди дека некој некого малтретирал, мора да се казни, но јас морам да ги разгледам двете страни“, изјави градоначалникот Александар Петрески.
На лошиот третман кон Египќаните во јавните претпријатиа се пожали и Демир Далип од политичката партија Сојуз на Египќани.
Далип денеска потврди дека во партијата секојдневно има поплаки од Египќаните дека не се соодветно третирани. Тој најави и протести со цел да се анимираат властите но и меѓународните институции за нивниот проблем.
Директорот на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Боро Павлоски ги отфрла ваквите ставови. „ Во претпријатието никогаш немало дискриминација. Ќе се трудам да го решам проблемот да нема никакви последици и врз работникот и врз претпоставениот“, вели Павлоски и потврдува дека е точно оти и забранил на работниците да го посетуваат во текот на работното време. „ Но, во хигиена работат од 6 до 12 часот, а моето работно време пшродолжува и по 12 часот, што значи дека можат да ми се обратат“, потенцира директорот и објаснува дека с еслучува некои негови работници да му заѕвонат и на домашното ѕвонче“.
Гостин во 2 епизода на подкастот „Во право со Димоски“ е светски познатиот џез и фанк музичар од Охрид, Владимир Василески – Четкар Тој отворено зборува за моралните вредности, уметноста и пр...
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) цените на бензините и евр...
Трезорот работи, а Буџетот е во одлична кондиција, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дека трезорот се затвора н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.