И оваа академска година голем интерес за запишување на Факултетот за туризам и угостителство. Од вкупно предвидените 285 слободни места, во текот на првите два уписни рока исполнети се 90% од слободните места, а во тек е и третиот рок.

Интересот за нашиот факултет не стивнува. Напротив, за некои студиски програми мораме да ги одбиваме студентите или да ги пренасочуваме на други студиски програми. Тоа се должи на упорната работа на менаџментот и на сите професори и одржувањето на високото ниво како во наставата, така и на истражувачките активности на факултетот, вели деканот на ФТУ, Професор д- р Сашо Коруноски кој на денешниот свечен час на новозапишаните студенти им посака успех во образованието.

Академската иднина е пред студентите. Ги очекува многу работа, но тоа да не ги плаши бидејќи  преку работа ќе ги остваруваат сите желби кои претходно можеби за нив биле неостварливи, им порача на студентите деканот Коруноски.

Коруноски додаде дека факултетот кадровски е оптимално екипиран со 36 доктори на науки и десеттина демонстратори, а она што преостанува да се направи е зголемувањето на наставно научниот кадар со асистенти,  на што се работи,  но крајната одлука е на надлежното министерство.

Т.К.