Не за употребата на петарди и пиротехнички средства. Во пресрет на новогодишните празници, Црвен крст Охрид и СВР Охрид на плоштадот „Крушевска република“  преку показна вежба ги презентираа можните ризици од користење пиротехника во склоп на кампањата за превенција од повреди кои можат да настанат од употреба на пиротехнички средства.
Околу 180 илјади лица годишно во светот страдаат поради употреба за пиротехнички средства. Од СВР со апел да не се користат пиротехнички средства во текот на претстојните празници и особено за прославата на новогодишната ноќ на градскиот плоштад, бидејќи искуствата наназад покажуваат сериозни повреди за дочекот на Нова Година предизвикани од несовесна употреба на пиротехника. Од СВР најавија интензивни контроли за спречување на нелегална продажба на пиротехника.

Пред неколку дена полициските службеници во Охрид одзедоа околу 9.000  парчиња нелегална пиротехника, петарди и останати пиротехнички средства кои што едно физичко лице ги имаше набавено со цел да врши натамошна продажба на подрачјето на Охрид, лицето е приведено. Во пресрет на новогодишните празници полициските службеници ќе вршат интензивни контроли, не само во централното градско подрачје, но и по други правни субјекти каде ќе има сознанија дека се врши нелегална продажба на пиротехника. Казна согласно Законот, ќе сносат сите оние кои нелегално употребуваат пиротехника и секако и родителите доколку дозволиле на малолетни лица да користат пиротехнички средства, истакна портпаролот Стефан Димоски

Иако законската регулатива предвидува високи казни од 200- 500 евра во денарска противвредност за неовластена употреба на пиротехнички средства и до 10 години казна затвор за нелегално продавање и набавување на огнено оружје муниција или експлозивни материјали,  свеста кај населението се уште е на многу ниско ниво.
Целта на овие симулациски вежби е подигање на свеста не само кај децата, туку и кај родителите кои неретко ги купуваат петардите како подарок за своите деца.  На денешната вежба беше прикажана  симулација на повреда на рака предизвикана од петарда на две децa, а екипите на Црвен крст Охрид реагираа за санирање на повредата.

Најчесто повреда може да настане на рацете. Упатуваме апел до сите млади луѓе, до децата и пред се до родителите бидејќи тие се оние кои можат да ги контролираат да не се употребуваат петарди особено за овие новогодишни празници, бидејќи навистина по оние статистики кои што  ние ги имаме се бележи дека огромен број на повреди настануваат за време на новогодишните празници. Дел од повредите може да се третираат и одма, а дел оставаат и последици за понатамошниот живот, вели Сашо Точков, претседател на Црвен Крст Охрид.

На плоштадот „Крушевска република“ денес, полициските службеници поделија и едукативни флаери преку кои граѓаните се запознаа со опасноста од употребата на пиротехничките средства и последиците кои можат да се предизвикаат кај луѓето, но и кај животните , сетилото за слух кај нив е далеку поразвиено, а звукот од петардите може да биде фатален за нив.

 

К.А.