Неделата на забоздравствена заштита 15-22 декември, Црвен крст Охрид ќе ја одбележи во соработка со Одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид, со презентација на активностите кои се реализираат во рамките на кампањата под мотото “Секогаш, превентивните мерки и акции даваат најдобри резултати за здравјето на забите“, насочена кон превенција на болестите на забите кај младите од сите основни и средни училишта во Охрид и Дебарца.

Активностите ќе се состојат во вршење на стоматолошки систематски преглед на деца од основните училишта со цел да се евидентира состојбата на забите и можна ортодонтска аномалија и  изготвување и доставување на информација-писмо до секој родител на децата опфатени со стоматолошкиот систематски преглед, со цел сигурно и навремено да бидат информирани за состојбата на забите на нивните деца, и да сфатат дека здравјето на забите на децата е во нивни раце.