Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.

Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина .

Во текот на Неделата на животната средина предвидени се повеќе активности. Ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“, во рамки на кој ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Туристичка“ од пресекот со бул.АСНОМ до пресекот со ул.„Јане Сандански“,ул. „Јане Сандански“ ,десната страна од Махи Д до кружниот тек кај болницата,ул „Сирма војвода“, Бул.АСНОМ до пресекот со бул.„Туристичка“,ул. „Карпош војвода“ , ул. „Галичица“, ул.„Ванчо Питошески“,ул.„8 Септември“,ул. „Мирче Ацев“,ул „Лазо Трпоски“.

Акцијата ќе се реализира на 6 јуни(среда).

Покрај оваа ќе биде реализирана и акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните  училишта од Охрид.

Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија, тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од  Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 7 јуни (четврток) од 8 до 17 часот, информираат од Локалната самоуправа.

Во рамки на неделата на животна средина ќе се организира и акција за чистење на цврст отпад од дното на Охридското Езеро на локација кај с. Трпејца.

Акцијата која има за цел да влијае на подигање на јавната свест кај населението, ќе биде реализирана во соработка со Нуркачкиот центар Амфора. Ќе и се извади цврстиот отпад од дното на езерото кај с. Трпејца и ќе биде изработен подводен видео и фото материјал, информираат од Локалната самоуправа.

Презентацијата на проектот ќе биде на 9 јуни во с. Трпејца во 12 часот. 

OhridNews