Уртрово во расадникот на ЈП „ Охридски комуналец“ започна делњето на 400 жардиниери со саксиско цвеќе, како дел од проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ на Општина Охрид што се реализира во рамки на Неделата на животна средина, а по повод 5-ти јуни –  Светскиот ден на животна средина.

Годинава цвеќе ќе добијат жителите кои живеат на следните улици: „Македонски просветители“ од пресекот со бул.„Туристичка“ до кеј „Македонија“, „Димитар Влахов“ од пресекот со бул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул.„Јане Сандански“, „Партизанска“ од пресекот со бул.„Македонски просветители“ до пресекот со „АСНОМ“, кеј „Македонија“ од пристаниште до „АСНОМ“, улиците „Страшо Пинџур“, „Ванчо Николески“, „Серафим Китаноски“, „ Војдан Чернодрински“, „Кузман Јосифовски“, „Спас Банџов“ и „Славеј планина“.

Акцијата ќе се реализира нденеска и утре (5. јуни) во времето од 9 до 13 часот. Граѓаните од горе споменатите улици, цвеќето ќе можат да го подигнат со документ за лична идентификација од кој ќе биде видлива адресата на живеење.

Во рамки на Неделата на животна средина во тек е и акција за собирање на стара хартија, која се реализира во соработка со основните и средните училишта од Охрид. Акцијата наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија,тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе се вклучат и вработените во Општина Охрид , а ќе можат да учествуваат и сите граѓани и институции од Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште или во кругот на општинската зграда каде ќе биде поставен соодветен сад за собирање на хартијата. 

Акцијата за собирање на стара хартија, исто така, ќе се одвива денеска и утре од 8 до 15 часот.

OhridNews