Советотзаетика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено над 120 жалби по различни основи, беше соопштено на денешнатапрес-конференција на СЕММ.

„Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, којшто во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира СеферТахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

Основите за поднесување жалби се различни, а најчесто неточно и нефер известување, говор на омраза, дискриминација, незастапена втора страна, нарушување на приватноста, како и мешање факти и мислења. Страни кои најчесто се жалат се граѓаните, граѓанските организации, новинарите и политичарите.

„Сепак, потребно е уште време да се научат правилата, што е саморегулација, а што регулација. Тоа го мешаат и новинарите и граѓаните, а особено политичарите“, рече Драган Антоновски, претседателна СЕММ.

Само мал дел од жалбите се решени преку медијација, што потврдува дека медиумите се’ уште пружаат отпор да ги признаат грешките во известувањето.

„Во истовреме, тука е и проблемот со необјавување на одлуките кој и понатаму постои“, истакна Марина Тунева, извршен директор на СЕММ. Таа нагласи дека се’ уште е потребно да се работи активно на информираноста за ефектите на саморегулацијата, а за остварување на оваа цел СЕММ доби поддршка од УНЕСКО и ЕУ, во рамки на проект за промовирање на слободата на изразување и информирање и за зајакнување на механизмите за медиумска саморегулација кој ќе се реализира во текот на годинава. 

OhridNews