Советникот од редовите на ДУИ, бизнисменот Нефи Усеини, поднел оставка од Советот на град Охрид, во кој беше член од 2017 година.

Претседателката на Советот Живка Ангелоска, ни потврди дека Усеини поднел оставка.

Согласно деловникот, оставката треба да ја разгледа Комисијата за верификација, избори и именувања, по што на следната седница, која ќе се одржи идниот петок, советот треба да ја констатира истата, по што треба да се спроведе постапка за верификација на мандатот на новиот член на советот. – појаснува Ангелоска.

Таа истакна дека не и се познати причините за оставката, бидејќи истата се уште ја нема видено.

OhridNews