Собранието на Република Македонија, со поддршка на Националниот демократски институт, воспоставува новина во однос на комуникацијата меѓу пратениците и членовите на Владата. Паузата предвидена за време на седницата наменета за поставување на пратенички прашања секој последен четврток од месецот, ќе се користи за неформална размена на мислења и информации меѓу пратениците и членовите на Владата.

Целта на оваа нова пракса е заемно информирање за актуелните прашања, законските предлози кои се во процедура, со што на непосреден начин би можело да се придонесе до подобрување на законските предлози, а со тоа да се изградат и поефикасни институции во служба на граѓаните.