Во првото тримесечје од 2026 година, на ниво на држава, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од 2026 година во Општина Охрид се родиле 94 деца, а починале 182 лица. Природниот прираст е негативен и изнесува -88. Во Струга се родиле 102 деца, а починале 139 и природниот прираст е негативен -37. И Општина Дебрца има негативен природен прираст -7. Во овој период таму се родиле 8 бебиња, а починале 15 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на склучени бракови во Охрид е 44, додека на разведени 20. Во Струга биле склучени 59, а разведени 13 бракови. Во Дебрца склучени биле два брака.

Во ова тримесечје од годината, на ниво на држава, се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 % во споредба со истиот период од 2025 година.

Н.С.Ј.