
Од изборниот штаб на општинската ВМРО- ДПМНЕ информираат дека од 16. 000 преброени гласови, или околу 65 проценти, владејачката партија е во благо водство пред СДСМ со 200 гласа.

Од ОИШ на СДСМ пристигнуваат слични информации, но во обратна насока. Според СДСМ по преброени 20.000 гласови, опозициската коалиција има предност во однос на ВМРО ДПМНЕ од 350 гласа.

Паралелно со партиските штабови, гласовите ги пребројува и Општинската изборна комисија. Оттаму, информираат дека пребројувањето засега се одвива без проблеми, со одредени забелешки на изборниот процес кои се проследуваат до ДИК.

Гласовите се пребројуваат и во ОИК во Струга. Непосредно пред затворањето на избирачките места до комисијата пристигнала дојава за кршење на избирачка кутија во селото Јабланица. Претствници на ОИК вечерва го посетија ова планинско село, но и покрај најавите дека ќе ги информираат медиумите подетално за настанот, засега не се соопштува ништо, а претседателот на ОИК, Џенгис Хани, не одговара на телефонските повици.










