Во време на голема економска и енергетска криза која станува се понеизвесна и подлабока поради актуелните случувања во светот, а пред се поради војната во Украина, што сериозно се одразува и на стопанството во Македонија, постојат компании кои храбро се носат со предизвиците. Таков пример е фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК во ТИРЗ Струга, која не застанува со инвестициските вложувања во опрема, технологија и кадар.

Во месец август ОДВ ЕЛЕКТРИК инвестираше во фото-напонска централа со максимална инсталирана моќност од 400 kWp.

Целта е да се ублажат ефектите од ценовниот шок на пазарот на електрична енергија. –  велат од компанијата.

Компанијата останува фокусирана на лојалната работна сила којашто долго време е во фирмата, преку политика на унапредување и градење на раководниот тим со помош на сопствени кадри.

Од 1 ноември следи покачување на платите за 10 проценти, што, како што истакнуват од ОДВ ЕЛЕКТРИК, треба да придонесе за намалување на ефектите од зголемувањето на цените на основните прехрамбени производи.

За 8 години постоење, бројот на вработени во ОДВ ЕЛЕКТРИК достигна 850, а подолго време компанијата има отворен конкурс за вработување на сите профили, особено инженерски кадар.

Вкупните инвестиции на ОДВ во фабриката во ТИРЗ Струга која се протега на површина од 9.300 м², надминаа 20 милиони евра. Компанијата инвестира во современа, софистицирана опрема, машини, постројки и производни линии со голем степен на автоматизација.

Тука се префрлени повеќе линии од фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК од Украина, со цел да се намали ризикот во работењето и да се зголеми сигурноста на клиентите, посочуват од компанијата.

ОДВ ЕЛЕКТРИК ВО Македонија е присутен од 2014 година. Компанијата произведува кабли за автомобилската индустрија што се вградуваат во сигурносните појаси на возилата, како и кабли со вградени термални елементи, за греење на ветробранското стакло.

OhridNews