По повод 7-ми Мај, Денот на македонската полиција, СВР Охрид почнувајќи од денеска, 24-ти април, па во наредните денови, на градското пристаниште во Охрид ќе реализира подготовки за показна вежба, што ќе се одржи на 5-ти мај.
-Се информираат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко-тактички средства и опрема и ќе се гледаат и слушаат симулации на решавање на разни ситуации од страна на полицијата. – соопшти СВР Охрид.
Неколкудневни подготовки за голема вежба на полицијата кај градското пристаниште
OhridNews













