Од локалната самоуправа велат дека до денес не добиле позитивен одговор од надлежното министерство на нивната иницијатива во петок наставата да не се одржи и денот да се одработи подоцна, вон грејната сезона.
– Поради тоа што не добивме одговор од министерството, со директорите на училиштата во општина Охрид, се договоривме наставата да се одвива во петок, со тоа што им се дава можност на директорите да одлучат околу времетраењето на часовите, велат од локалната самоуправа.
Дел од училиштата на своите веб страници веќе објавија информација дека во петок наставата ќе се одвива со скратени часови.
Од министерството за образование пак велат дека општина Охрид, како и неколку други општини во земјава, до нив испратила известување дека второто полугодие од учебната година нема да започне во петок, туку на 23- ти јануари, со тоа што подоцна ќе се одработи денот.
– Согласно законот за образование општината како основач на училиштата има можност да донесе таква одлука и таа од страна на охридската локална самоуправа е доставена до министерството. Денот мора подоцна да се одработи. Кога ќе биде тоа, ќе одлучат од локалната самоуправа, велат од министерството за образование.