Директен пренос од мечот Русија – Македонија нема да има. На официјалната веб страна на фудбалската федерација ја потврдија информацијата, притоа напоменувајќи дека ни тие не ја знаат причината за тоа.


“За жал последните информации говорат дека директен пренос од средбата Русија – Македонија нема да има. Од МТВ не ги наведуваат причините за ваквиот епилог иако националната телевизија досега ги пренесуваше сите квалификациски средби за ЕП 2012г.“ – се вели во соопштението на ФФМ.


Не е прв пат јавноста да не може во живо да ја проследи националната селекција. Вљубениците во “бубамарата“ ќе мора да бараат алетернативни решенија за да го проследат мечот.  Кога во светот се се` врти околу фудбалот, а најголемите приходи се добиваат на име телевизиски права, македонците после 20 години независност неможат да проследат меч во живо на националниот тим на националниот сервис.

М.П.