Нарушувањата на јавниот ред и мир и физичките пресметки станаа секојдневие во Охрид и Струга. Речиси да нема ден, а во полицискиот билтен да нема вакви инциденти.

Последниот полицијата го регистрирала вчера на полноќ на улицата „Димитар Влахов“, каде по вербална расправија силите физички си ги одмериле двајца тинејџери од Охрид на возраст од 18 години.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира полицијата.

Вчера утрото во 04,15 часот во СВР Охрид, бил пријавен пожар на патнички автомобил паркиран во центарот на градот. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид.

OhridNews