Водечката екипа на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен ја зголеми предноста на седум бодови во однос на Борусија Дортмунд откако со минимални 1-0 славеше во директната пресметка. На „милионерите“ на Сигнал Идуна Парк им пресуди Џошуа Кимих, кој го постигна единствениот погодок. Но вечно ќе остане дилемата дали имаше пенал за домаќините во 58-та минута од натпреварот. Напаѓачот Ерлинг Халанд биеше кон голот, а Жером Боатенг пожртвувано се фрли на топка но играше со рака. Според судијата и луѓето во ВАР собата, Боатенг не играл намерно со рака.

 

OhridNews

Еврогол го одлучи победникот во најголемото дерби во Бундес лигата (видео)