Челните луѓе на фудбалскиот клубови, Шкендија и партизан се договориле навивачите на двата клуба да не патуваат организирано на гостувањата, во рамките на двомечот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.


Со цел заеднички да го проценат ризикот, воочи натпреварот, одржан е состанок на кој присуствувале преставници на Фудбалскиот сојуз на Србија, Фудбалската федерација на Македонија, УЕФА, преставници на двата клуба, како и преставници на Министерствата за внатрешни работи на двете земји.

Као што пренесува Б92, заедничка проценка била, дека за намалување на ризикот, неопходно било да се обезбеди неприсуство на гостински навивачи на двете средби. Двата клуба го поддржале предлогот и постигнале договор по ова прашање.

Навивачите на Шкендија нема да патуваат во Белград, а навивачите на Партизан нема да допатуваат на реваншот во Скопје. На двата стадиони секторите за гостински навивачи ќе останат празни и на нив нема да има гледачи. На сите оние кои ќе имаат симболи на гостинскиот тим нема да им биде дозволен влез на стадионите. Исто така двата клуба се обврзани да внимаваат гостинските навивачи да не дојдат до влезници за натпреварите.

“Макфакс“
Ohridnews