По победата на Рафаел Надал над Рожер Федерер, рекетот број еден Ѓоковиќ супериорно триумфираше против Жо Филфред Цонга 2-0 во сетови и покажа дека нема лесно да се предаде за титулата на Индијан Велс турнирот.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Цонга се одигра во два сетови (6-3, 6-1), а траеше помалку од еден час. Противник на српскиот тенисер во 1/2 финалето ќе биде победникот од дуелот Енди Мареј – Хуан Матрин дел Потро.

Мх.П.