Стратегот на Барселона, Тито Виланово ќе има вистински проблеми околу составувањето на екипата за престојните натпревари за “Ла Лига“ и првото коло од Лигата на Шампиони.


Најдобриот фудбалер во Европа, Андрес Иниеста се повреди на квалификацискиот дуел со Грузија. Новата аквизиција на Барселона, Жорди Алба се жали на настинка и можеби ќе ги прескокне некој од мечевите.


Капак на проблемите на тренерот Виланова е повредата на напаѓачот Алексис Санчез кој исто како и Иниеста се повреди на натпреварите за селекцијата на Чиле. Барселона во наредното коло од Примера ќе се сретне со Гетафе додека во премиерата во ЛШ ќе ја имаат против Спартак Москва.

Мх.П.