
На седницата не присуствуваа пратениците од ДПА и трите пратенички од опозицијата кои ги повлекоа оставките и се вклучија во работата на Парламентот Љубица Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска. Од пратеничката група на ДУИ беа присутни десетина пратеници, а не беше комплетна ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема информација кога и дали ќе се гласа за одземање на мандатите. Со негласањето се остава уште време за политички дијалог меѓу власта и опозицијата, која не ги призна предвремените парламентарни избори, а нивните пратеници поднесоа оставки. И таа собраниска седница за прифаќање на оставките беше прекината.
Точката за одземање на 31 мандат беше ставена на дневен ред откако претходно Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања му предложи тоа на Собранието, врз основа на извештај утврди дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, пратениците не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.
OhridNews
извор: Утрински весник











