Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1.
Во изминатото деноноќие нема починати лица од коронавирус.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.
OhridNews











