Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, не сака да прогнозира кога ќе заврши целосно автопатот Охрид – Кичево, но смета дека тој проект напредува.

Во врска со патот Охрид – Кичево, јас сум во комуникација со сите кои работат. Спремни сме да влеземе и во законски измени заради експропријација во некои делови. Таму имаме такви случаи, но имаме и добри сигнали, се работи и оваа есен, има 470 машини, имаме 860 работници на овој проект, 58 отсто од работите се завршени, особено непредвидените клучки, имаме потрошено 350 милиони евра за реализација на овој проект. Не би проценувал рок на завршување, до моментот кога би видел дека целиот проект е завршен, тогаш ќе бидам сигурен. Добар сигнал е дека се одглавуваат проектите и дека се движат работите, изјави мнинистерот Бочварски во гостувањето на Тв Сител

Во врска со процесот на гасификација на државата. Бочварски истакна дека кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, е 65 отсто готов, а кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот.

Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора. Нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, затоа што потоа проектот ќе продолжи кон Косово, односно ќе можеме да го снабдуваме Косово, а понатаму и Црна Гора, но и дома да имаме гас насекаде. Ова е огромен проект, кој немал 25 години поместување, а сега имаме сериозен прогрес кој ќе доенсе бенефит на граѓаните, така ќе помогнеме на економијата, но и на домаќинствата, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Запрашан за Коридорот 8, односно патната инфраструктура кон Бугарија, министерот изјави дека се еабоити ба подобрување на патната комуникација, за што говори проектираната инвестиција од 100 милиони евра за изградба на источниот крак од Скопје до бугарската граница.

OhridNews