По бојлерот и кадата, од езерското дно деновиве е извлечено и казанче за WC шолја кое членовите од нуркачкиот клуб Акватек го пронајдоа на неколку метри од брегот помеѓу плажата Сараиште и Мостот на желбите.

Ниската еколошка свест на поединци никако да се подигне, па така она што не им треба во домот наместо на отпад го фрлаат во езерото.

Најстарото езеро на Балканот повеќе е од сигурно дека не заслужува да биде отпад на градежен шут, покуќнина, гуми од автомобили и што уште не што годините наназад беше извлечено во акциите на охридските нуркачи.

OhridNews