Не се контстирани траги на насилство на телото на 42 годишната охриѓанка која беше пронајдена мртва вчера во стан во Охрид информираат од СВР Охрид.

На 13.01.2022 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, пронајдена е почината М.М.Ш.(42) од Охрид. Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција, била констатирана смрт без траги на насилство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Како што информиравме претходно се работи за поранешна полициска службеничка вработена во СВР Охрид. Работниот однос и бил прекинат пред околу 4 години.

OhridNews