Според нив, за партијата Нова демократија во општина Охрид гласале 514 граѓани, за ПОДЕМ 228, СДУ 78, ВМРО- ДПМНЕ 14. 322, ВМРО- Народна партија 2. 718, ДУИ 558, ДПА 1. 000, ППД 173, СДСМ 14. 691, ЛДП 578, СДПМ 39, Демократска десница 13, НДП 227 и за партијата Обединети за Македонија во општина Охрид се изјасниле 258 гласачи.
Како што не информира претседателот на ОИК, Ангелина Недеска, до нив пристигнале неколку известувања од страна на двете поголеми политички партии- СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ, кои се проследени до надлежните органи од кои се очекува наскоро да се произјаснат во врска со забелешките.










