Охриѓани вечерва ќе може да уживаат во најдобрите евергрин рефрени на најголемата предновогодишна забава „Зимска Бајка“ која ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

За музичката бајка ќе бидат задолжени Емилија Маринова – пијано и вокал, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојкоски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. За задоволството да биде целосно ќе се погрижи стендап комичарот Никола Тодороски со препознатливиот хумор. Тој подготвува ексклузивен материјал кој премиерно ќе биде изведен на овој предновогодишен хепенинг.

За новогодишната декорација на просторот ќе се погрижи „Импакт груп“, а за специјални светлосни и звучни ефекти ќе биде задолжена екипата на ‘„Лабино соунд“.  Помагател на настанот е винаријата „Тиквеш“.

Влезници за предновогодишната забава кои во претпродажба чинеа 250 денари се речиси расподадени. Денеска на денот на настанот влезниците ќе се продаваат по цена од 300 денари и истите може да се набавата само на билетарата во Центарот за кулура која ќе работи по 12 часот.

OhridNews