Цените на угостителските услуги во јануари годинава, во однос на декември лани останале на исто ниво, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата „алкохолни пијалаци“ за 0,1 проценти.

Во јануари годинава, споредено со истиот месец од минатата година, статистиката евидентира зголемување на цените на угостителските услуги за 0,2 проценти.

OhridNews