Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2016 година, во споредба со мај 2016 година, останале на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,2%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,2%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јуни 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0,1%.

OhridNews