Во четврток, 2 јули, во 19 часот, во галеријата на Култ Културен Центар во Охрид ќе биде отворена една несекојдневна изложба, сликарство со габи и лишаи од различни делови на светот. Се работи за изложбата на Кристина Зимбакова насловена како „Стебла без срцевина“.

Нејзиниот приод е интердисциплинарен: габите и лишаите како медиуми и поетските мотиви се карактеристични одлики на нејзината уметност. Создава хартија и пулпа од габи, на која „црта“ со лишаи, прави мозаик, а применува и вез на текстил. Габите потекнуваат од живеалишта од разни делови на светот, добиени од суви збирки или Зимбакова сама ги собира низ планините во Македонија и пошироко, во соработка со биолози.
OhridNews










