Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и вчеравечер со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“.

Оваа година фестивалот го одбележува своето 66-издание. Во кинеската традиција, 60 години претставуваат еден целосен циклус кој се нарекува џијаци и симболизира обновување и нов почеток. Убава коинциденција е што токму во таков дух, овој фестивал отвора ново поглавје, продолжувајќи ја својата мисија во спојување на публиката и уметниците од целиот свет, рече амбасадорката Сјаојан.
Амбасадорката потсети дека збратимувањето меѓу двата града, Далиан и Охрид, заедничкиот комеморативен поштенски плик по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Македонија, како и настапот на музичари од Кинескиот оркестар на бамбусова флејта на фестивалот „Охридско лето“ во 2018 година, сведочат за искреното пријателство помеѓу двата народи.

OhridNews














