Времето денеска претпладне сончево, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, особено во Охридско-преспанскиот регион. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна темепература во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе биде и за време на викендот. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни, информира УХМР.
OhridNews












