Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што најави УХМР, ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во , променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

OhridNews