Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 105.8. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации, Рударство и вадење на камен и Дејности на здравствена и социјална заштита.

OhridNews